Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентите на Универзитетот во Белград го држат Ректоратот во блокада, бараат запирање на зголемувањето на школарината

Студентите на Универзитетот во Белград го држат Ректоратот во блокада, бараат запирање на зголемувањето на школарината

Група студенти на Универзитетот во Белград, кои ја блокираа зградата на Ректоратот на овој универзитет, ноќта ја поминаа во зградата на Ректоратот кој и утрово е под студентска опсада.

Белградски студенти бараат запирање на зголемувањето на школарината, прекин на процесот на укинување на автономија на универзитетот и поддршка на професорите во борбата за јавно финансирано образование.

Студентите синоќа го окупираа Ректоратот на универзитетот во Белград во знак на протест против најавата за зголемување на школарината.

На балконот на Ректоратот истакнаа транспаренти на кои пишува „Студенти, а не клиенти“, „Знаењето не е стока“ и „Студенти од сите факултети обединете се“.

Во близина на зградата на Студентскиот плоштад не е забележано присуство на полицијата, а студентите кои го блокираа Ректоратот на Универзитетот во Белград најавија дека нема да се повлечат без исполнување на нивните барања.

Слично

Поврзани вести