Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентите на протест против екстерното тестирање

Студентите на протест против екстерното тестирање
Студентите најавуваат дека од попладнево во 18 часот ќе започнат протести против најавите за воведување екстерни државни испити во втора и четврта година од високото образование. Според најавите, протестот треба да почне на платото кај споменикот на Св.Кирил и Методиј во универзитетскиот комплекс меѓу Филозофски, Правен и Економски факултет. Мотото на собирот е „Стоп за екстерното тестирање“, а тестовите кои сака да ги воведе Владата се оценуваат како „небулоза“. „Слободен собир, дискусија и организирање на автентична студентска организација која ќе се бори против екстерното тестирање на студентите. Се работи за тебе, мене и сите студенти кои сме засегнати од екстерната небулоза! Дојди и ти! Дади свое мислење и идеја! Немој да игнорираш, се работи за сите нас и зависи од секој од нас!“, пишува во повикот, објавен на фејсбук групата „Не за државни испити на студентите“, која има над 4.800 членови. Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека иако одлуката не е дефинитивно донесена, сепак некој облик на надворешна проверка на знаењето на студентите ќе има, а целта на мерката е да го зголеми квалитетот на високото образование.
Слично

Поврзани вести