Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентите му одговорија на премиерот: „Не сме прибрани од ниедна партија“

Студентите му одговорија на премиерот: „Не сме прибрани од ниедна партија“
Откако премиерот Никола Груевски вчера на трибината по повод 15-годишнината од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ја повика опозицијата да не се крие зад студентите и да ги подбуцнува на протести, организацијата „Студентски пленум“, која го организира маршот против најавените реформи во високото образование возврати на својата Фејсбук страница. Студентите го замолуваат премиерот да ја почитува нивната решителност и да не ги поврзува со ниту една политичка партија. Притоа тие го цитираат Ганди и неговата изрека: "Постојат луѓе кои се борат и работат и оние кои ја собираат славата за направеното“. „Би сакале уште еднаш да потенцираме дека нема да дозволиме да бидеме прибрани под ниту едно партиско милје. Нашите барања ја надминуваат партијата, тие се нешто повеќе. Како значаен општествен сегмент, како студенти (академски граѓани), сакаме да ја потенцираме нашата интелектуална независност, нашата слободна и критичка мисла која не е диригирана од ниту една популистичка агенда, туку е последица на разумноста и обмисленоста. Нашиот органон се аргументите, кои не се насочуваат против партиите туку против неправдата. Затоа ве замолуваме да ја почитувате нашата решителност“, стои во реакцијата на оваа студентска организација. Притоа, на Фејсбук страницата тие изработиле и краток видео спот кој велат дека покажува оти брзите и лоши реформи во образованието ги ставаат пред избор: „Индекс или пасош?“ [embed]http://www.youtube.com/watch?v=L70Dd0JbLj0#t=119[/embed]  
Слично

Поврзани вести