Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентите контра министерот: Никој не Ви побара оставка!

Студентите контра министерот: Никој не Ви побара оставка!
Студентите испратија уште едно писмо до министерот за образование Абдилаќим Адеми, во кое тврдат дека од него не бараат оставка, туку откажување од проектот за екстерно тестирање. Организацијата „Студентски пленум“, која ги организира студентските протести против екстерното тестирање, изразува зачуденост од вчерашната изјава на Адеми, во која тој тврди дека студентите во писменото барање до него бараат негова оставка. „Барање за негова оставка нема. Ние бараме неприфаќање на предлозите за екстерно оценување на студентите. Неговата изјава е обид за намерно дезинформирање и манипулирање на јавноста“, стои во писмото од студентите. Тие бараат, во интерес на транспарентноста, министерот да не бара нивна адреса за да им испрати одговор, туку тоа да го направи јавно. Исто така, студентите бараат и дебати за проблемите во високот образование, на кои ќе се слушне и нивното мислење. Адеми вчера ги обвини студентите дека излегле со политички барања, меѓу кои и она за негова оставка.  
Слично

Поврзани вести