Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентите и со писмо се обратија до министерот: „Нема аргумент што може да го оправда екстерното“

Студентите и со писмо се обратија до министерот: „Нема аргумент што може да го оправда екстерното“
Откако вчера за време на протестите министерот за обраозвание Абдилаќим Адеми не се сретна со студентите, тие денеска му се обратија и со писмо. Во него ги објаснуваат своите мотиви за револтот од екстерното тестирање. „Резултатите од овие испити ќе бидат пресудни за иднината на студирањето на секој студент. Мерката во формата која е претставена реформата е многу проблематична и е во директен судир со уставно загарантираните права на граѓаните на Република Македонија“, стои во писмото потпишано од организацијата „Студентски пленум“ која ги организираше протестите. Дополнително се нагласува дека концептот на екстерно тестирање, онака како што се предлага, ќе ја наруши автономијата на универзитетите и се коси со Болоњскиот процес. „Во јавноста не беа изнесени аргументи кои би не убедиле во оправданоста на оваа мерка,наспроти јасните негативни последици на кој укажавме ние студентите. Сметаме дека дебатата зазема погрешен правец со тоа што се дискутира за формата на мерката, а всушност дискутабилна е нејзината неопходност воопшто. Ваквата дебата треба веднаш да биде прекината, а најавената мерка повлечена“, инсистираат студентите. Во писмото се изразува разочараност и заради „неспособноста на студентските парламенти да ги заштитат интересите на студентите, односно доследно да го пренесат студентскиот став во однос на оваа реформа“.
Слично

Поврзани вести