Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентите го закажаа новиот протест за 10-ти декември

Студентите го закажаа новиот протест за 10-ти декември
Новиот студентски марш против најавите за екстерно тестирање или државен испит во високото образование ќе се одржи на 10-ти декември, најави организаторот Студентски пленум на својата Фејсбук страница. Според најавите, маршот ќе се одржи на 10-ти декември во 12 часот, а овој ден не е случајно одбран бидејќи тоа е и Меѓународен ден на човековите права. Маршот под мотото „Стоп за лошите реформи во образованието“ ќе започне од платото пред Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, а студентите ги повикуваат да дадат поддршка и средношколците, професорите, родителите и сите граѓани. „Зошто марш? Затоа што институциите остануваат глуви освен кога сме на улица, заради потребата од навремена реакција за новите реформи коишто би ги засегнале студентите, идни и сегашни. За одбрана на нашето право на квалитетно образование, за достоинството, за солидарноста, за обединетоста!“, стои во повокито од Студентски пленум. Најавата за нов студентски протест доаѓа само неколку часа откако премиерот Никола Груевски ги обвини студентите дека се политички мотивирани доколку излезат на маршот. Повеќе за изјавата на премиерот прочитајте на следниот линк: ГРУЕВСКИ: Кој протестира против државниот испит, партиски е мотивиран!  
Слично

Поврзани вести