Студентите го „погребаа“ образованието, следно што најавуваат е бојкот!
Со свеќи во рацете и поставени некролози вечерва студентите излегоа пред Законодавниот дом на РМ како што велат да го „погребат“ образованието.
Тие го нагласија ставот дека нивната борба нема да запре.
„Универзитетот е на студентите, постои и се развива ради нив. Штотуку донесовте закон кој го не само што ја погребува автономијата и самите универзитети туку и идејата дека студентите се дел од ова општество. Ние сме иднината на Македонија, а вие денес ни го уништивте патот по кој ние треба да се издигнеме како граѓани“ порачуваат студентите.
„Нема да ви дозволиме и не се откажуваме.Ја докажавме нашата чиста цел и одново ќе ја чуете, зашто СТУДЕНТИТЕ не стивнуваат“, велат тие.
„Чувствуваме граѓанска одговорност да ја заштитиме слободната мисла. Авторитетите не смеат да бидат апсолутни, и затоа:
(Фото.Бриф.мк)
