Студентите го окупираа Правен, бараат оставка од Иванов
Студенти од повеќе младински организации денеска го окупираат Правниот факултет во Скопје.
Нивното барање е да се мобилизираат сите студенти и професори по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов, за аболиција на 56 лица, а со тоа бараат Иванов да си поднесе оставка.
Студентите со разглас влегуваат на предавања и скандираат „Дојди и приклучи се“. Во вчерашните протести проти одлуката за аболиција, приведени се 12 демонстранти, а меѓу нив има и членови на Студентскиот пленум.
Слично
