Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студентите гневни: може да се срушат и вашите гипсени тавани!

Студентите гневни: може да се срушат и вашите гипсени тавани!
Срамно и скандалозно е вината за паднатиот таван во студентскиот дом “Гоце Делчев” да ја барате во нас-порачуваат студентите. Тие се гневни поради ингноранстскиот однос на Управата на домот која иако како што велат зема плата од нив, се крие зад штури соопштенија во кои лаже и  обвинува. Нејасно е според студентите кој ќе ја превземеше вината и одговорноста,  доколку таванот се срушеше врз главата на некој од студентите или старата и дотраена инсталација направеше уште поголеми штети со човечки жртви?! Дали и тогаш, прашуваат –надлежните ќе се криеја зад соопштенија полни со фалби што направиле и обвинувања дека студентите се криви за хаосот и мизеријата во кои живеат  со години?! 12043051_1680177122212570_2933409394009450726_n “Таванот паднал бидејќи на горниот спрат постојано протекува вода. Оттука соопштението на управата е срамно и скандалозно. Изнесувањето на тенденциозни обвинувања кон студенти кои можеа да загинат без притоа управата да одговори на клучните прашања како на пример кој ќе сносеше одговорност ако некој беше повреден или загинат е неодговорно однесување. Треба ли да потсетиме дека тие земаат плата од студентите? Животот на студентите е постојано во ризик. Ние не смееме да чекаме некој да загине или да биде тешко повреден за да реагираме сите, најмногу државата. И покрај тоа што се случува подолг временски период ништо не се менува. Ниеден студент не треба да се омаловажува со овие “услови’’ што ги нуди домот”-вели Деа Здравковска од Студентскиот пленум. 12027701_1680075205556095_5865933752732667760_n Сликите на ужасот во еден од ходниците на студентскиот дом “Гоце Делчев” според студентите се само реална слика на студентскиот живот и стандард за кој со години не се превзема ништо. Овие фотографии според нив сведочат дека надлежните ја понижуваат студентската младина која поради безизлезноста во која повторно како што велат власта последниве години  ги втурнала нив и нивните семејства, бараат поевтин начин за сместување и можност за студии. Условите објаснуваат,   се мизерни со години, но алармот се вклучува кога паѓаат лифтови и кровови. “Студентскиот дом Гоце Делчев е стар околу 40 години. Сосема нормално е да има потреба од реновирање, со оглед на тоа што постојано има ротација на студенти. Од кога оваа Влада е на власт, а тоа се 10-на години, постојано има ветувања за подобри услови во студентските домови. Не е првпат да се случи да имаат штети, како прозорци што не се отвараат, мувлосани ѕидови, вода која тече низ секоја дупка. Неколку пати се случуваа и пожари, паѓаа лифтови. Реалност е дека голем број од младите доаѓаат да студираат во Скопје заради големиот избор на факултети. И си имаат свои очекувања. Голем број се срамат да ги поканат своите пријатели во домот заради немањето на основни услови за хигиена”-објаснува Здравковска. 12002899_1680177098879239_4471782645508195975_n Нејасно е вели студентката Деа зошто  за да реновираат еден блок на надлежните им биле потребни шест месеци, а  фасадата на Владата се искречи за помалку од еден ден?! Дополнително ги разочарува што министерот за образование Адеми и неговиот заменик Ристовски се фокусирани на изборниот процес и јавно велат дека образованието не е фокус на интерес за актуелната власт, а од друга страна им се лепат етикети на младите дека се под директни  партиски влијанија. Одговорноста за креирање на лошите образовни политики  велат студентите е кај надлежните кои бегаат од дијалог,  а овој пат и од соочување со реалните проблеми-мизеријата во која живеат студентите. “Министерот за образование  и неговиот заменик кои ни лепат етикети се оние истите кои повикуваат да не се говори за образование бидејќи доаѓале избори и биле фокусирани на тоа. Притоа заборавајќи дека освен партиски вршат јавни функции и сеуште се носители на власт. Навикнати сме на нападите, но еве повторно ќе повикаме надлежните да почнат да слушаат со силата на аргументот, наместо силата на празните зборови.Крајно време е дотичниот министер да се свести и да одвои време, а и интерес за да се соочи со една сила која постојано ќе му биде пред нос – студентите”- нагласува Деа Здравковска од Студентскиот пленум. Колегите во студентските домови, порачува таа  не се сами и ја имаат подршката ос Студентскиот пленум да го кренат својот глас. Од друга страна, вели  Студентскиот парламент како официјална студентска организација и надлежните институции треба да ги согледаат сопствените „дела“, по што секој нивни чинител треба да даде оставка од својата позиција поради морална и етичка одговорност. B806232AF401F14FB39031B1376C7B3F “Како бегалците од Сирија кои бегаат од гранати, младите од Македонија бегаат од задушувањето на било каков обид за интелектуален капацитет или услови за учење и занимавање со наука. Дали  “денес ќе биде полошо од вчера, а подобро од утре?!”-завршува студентката Здравковска. С.Б.
Слично

Поврзани вести