Студенти по медицина протестираат поради измени на Законот на медицински студии
Студенти по медицина денеска протестираат пред Министерството за здравство и бараат средба со министерот за здравство, Никола Тодоров револтирани од измените на Законот на медицински студии.
На нивните транспаренти пишува „Спасете ни го образованието“, „Не сме експериментални глувчиња“, „Учиме за да бидеме доктори, а не пациенти“ и слично.
Тие бараат објаснување зошто е потребно да се полага државен испит кон крајот на втората и кон крајот на четвртата година, кои точно предмети ќе бидат опфатени и зошто студентите од едниот се праќаат на пракса на другиот крај од државата.
Студентите објаснуваат дека ваквите измени се направени во Законот за медицински студии, без консултации со експертската јавност.
Слично
