Студенти ќе учат од бизнисмени
Педесет студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе добијат обука од предавачи од компании и банки-членки на Стопанската комора на Македонија.
Ќе учат да пишуваат бизнис планови, јавно да зборуваат и да ги презентираат своите идеи, маркетинг трикови, промоција на производи преку социјални медиуми, информирање за кредити за самовработување и развој на мали претпријатија.
Обуките се дел од проектот „Претприемништвото - иднина на студентите“ што ќе го реализираат Стопанската комора на Македонија и Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје.
„Целта е студентите да научат како сопствената идеја да ја преточат во бизнис и полесно да се приспособат на барањата на пазарот на трудот. За тоа, освен теоретско познавање, неопходни се и желба и амбиција“, велат од Стопанската комора на Македонија.
За да бидат избрани за обуката, студентите требаше да понудат кратки бизнис идеи. Меѓу најдобрите десет идеи се: креирање консултативно биро за привлекување странски инвестиции, инсталирање централно греење од отпад, продажба на занаетчиски производи, редизјанирање и репарирање на стар мебел, кои биле понудени од студенти од различни факултети.
Слично
