Студенти и професори заедно во бојкот против изборот на нелегитимен ректор
Повеќе од два часа трае блокадата на ректорската управа при Универзитетот Св. Кирил и Методиј .
На студентските организации им се придружија и професорите од Пленумот кои заедно со студентите рамо до рамо стојат и со жив штит го блокираат влезот на Ректоратот.
Сите тие бараат седницата на Сенатот да се одложи се додека не се изберат легитимни студентски претставници, образложувајќи го денешниот избор на нов ректор како нелигитимен, бидејќи студентските претставници во Сенатот се со истечени мандати.
Професорскиот пленум со поддрша за студентите укажува дека настаната е правна хаварија и дека Ректорот е должен да ја одложи седницата се додека не се изберат легални студентски претставници.
Бојкотот се случува токму денеска кога треба да се знае кој ќе победи во трката за нов ректор а кандидати се универзитетските професори Ненад Новковски и Никола Јанкуловски.
Професорот и кандидат за ректор Ненад Новковски акцијата на студентите ја оцени како глупост.
ФОТО:Радиомоф
Слично
