Студент во Скопје на грепка освои автомобил
Прилепчанец кој студира во главниот град, си купил инстант лотарија ,,Твингоманија” на Државната лотарија на Македонија и доби автомобил.
Среќниот добитник Методиј Зајкоски купил три лоза твингоманија во близина на Градежниот факултет во Скопје. Не можел да си поверува кога ги здогледал трите заштитни знаци на РЕНО. Со новиот автомобил, среќен си заминал во родниот град.
Инстант лотаријата Твингоманија, нуди 40 автомобили, а инстант грепките чинат 40 денари.
Слично
