Економија, финансии, бизнис

Контакт

Студеното време однесе три жртви во Бугарија

Студеното време однесе три жртви во Бугарија

Во текот на невремето во Бугарија три лица го изгубиле животот од синоќа до денеска попладне, а студеното време е сибирско, јавуваат локалните медиуми.

Еден пациент починал во амбулантното возило кое се заглавило во снегот на патот кон болницата во градот Лом, на северот од Бугарија, јавува Бета.

Еден 56-годишник починал во својот автомобил заглавен на патот кај Врача, на северозападот, а еден 90-годипник починал во дворот на куќата во која живеал сам во селото Барзина во истиот регион.

Цивилната заштита само денеска спасила 320 лица и откопала 640 завеани возила на северот од Бугарија каде десетици села се без струја бидејќи силниот ветер ја искинал мрежата.

Снегот ослабнал, а температурата опаднала на -12 степени и ќе продолжи да паѓа, достигнувајќи утре и во новогодишната ноќ -15 степени или уште помала од таа.

Слично

Поврзани вести