Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТУДЕН ТУШ ОД ГЕРМАНИЈА-Неочекуван пад!

СТУДЕН ТУШ ОД ГЕРМАНИЈА-Неочекуван пад!
Бизнис довербата во Германија во јануари падна на најниско ниво за последните 11 месеци , бидејќи компаниите се загрижени поради перспективата на работењето. Индексот на бизнис доверба , кој го пресметува институтот ИФО, паднал во јануари повеќе од очекуваното, за 1,3 поени на 1073 поени, што е најниско ниво од февруари 2015 година, соопштува гореспоменатиот германски институт. „Довербата меѓу германските претпријатија од почетокот на оваа година се влоши, додека проценките на актуелната бизнис состојба се благо пониски, но и понатаму многу добри. Очекувањата на претпријатијата се, меѓутоа, значајно влошени“, изјавил директорот на Ифо Ханс-Вернер Зин, нарекувајќи ги ваквите резултати на анкетата „непријатно изненадување за германската економија“. Индексот на бизнис доверба, Ифо ја пресметува врз основа на прогнозата на компаниите за наредните шест месеци и проценката за нивното актуелно работење.  
Слично

Поврзани вести