Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРУЖАНЕЦОТ КОЈ ГО ПРЕДВИДЕ НЕВРЕМЕТО ВО АВГУСТ: Можно е излевање на реките во Западна Македонија

СТРУЖАНЕЦОТ КОЈ ГО ПРЕДВИДЕ НЕВРЕМЕТО ВО АВГУСТ: Можно е излевање на реките во Западна Македонија

Стружанецот Славчо Попоски кој го предвиде невремето од 6 август, повторно предвидува ново невреме кое може да ја зафати Македонија во наредните 48 часа.

Тој вели дека е можно да се излеат реките посебно во Западна Македонија.

„Моќниот циклонски систем со центар над јужен Јадран и над Апенинскиот Полуостров и понатаму ќе влијае на времето во Македонија. Во следните 48 часа се очекуваат нови врнежи кои на повеќе места ќе бидат пообилни. Особено обилни врнежи ќе има во западните и во јужните предели. Можна е и локална појава на грмежи како и засилен ветер. Постои опасност од локални поплави и излевање на речните корита особено во западните предели. Во случај на појава на електрични празнења да не се предстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во текот на електричните празнења да се избегнува разговор на мобилни телефони“ - најавува Попоски.

Попоски е метеоролог и работи  за infomax.mk.

Слично

Поврзани вести