Економија, финансии, бизнис

Контакт

Струмица лидер во искористување пари од европските фондови

Струмица лидер во искористување пари од европските фондови
Денеска во општина Струмица беше отворена канцеларија за имплементација на европските проекти. Досега се реализирани 8 проекти со над три милиони евра, а од Брисел е добиена и писмената согласност за изградба на прочистителната станица во вредност од 9,8 милиони евра и три проекти вредни 700 илјади евра се во фаза на имплементација, посочуваат од општината, од каде додаваат и дека се лидер во земјава во делот на искористување на пари од европските фондови. „Ние сме прва општина која отвора канцеларија за имплементација на европски проекти. Оваа канцеларија е исчекор на Струмица пред сите други општини, го гледате амбиентот кој е во согласност со европските стандарди, тоа што значи европско работење заради креација и реализација на европските проекти. Знаеме дека Македонија не важи за силен имплементатор на европските пари, многу пари пропаѓаат, се враќаат и не се користат, во тој правец оваа канцеларија треба на Струмица и струмичкиот регион да и помогне многу во имплементацијата“, изјави денеска градоначалникот на општината Зоран Заев.
Слично

Поврзани вести