Економија, финансии, бизнис

Контакт

Струмица ќе потроши 3 милиони денари за локалните избори

Струмица ќе потроши 3 милиони денари за локалните избори

Општина Струмица издвои три милиони денари за претстојните локални избори,а ги определи и местата за плакати и пропаганден материјал за време на изборите.

„Ова е наша законска обврска и во рамки на законските норми,нашата општина од годинашниот буџет ќе ги издвои потребните средства“,посочи градоначалникот, Зоран Заев.

Советот на општина Струмица во рамки на своите надлежности, утврди и пет локации во градот каде што политичките партии и кандидати за градоначалници рамноправно ќе можат да го презентираат пропагадниот материјал за мартовските локални избори.

Во населените места ќе можат да се користат просторите во сопственост на општина Струмица, како и приватни објекти за кои политичките партии треба да добијат согласност од сопственикот.
Слично

Поврзани вести