Струмица почна со доставување на решенијата за данок на имот
Одделението за администрирање приходи при општина Струмица, од денеска почна со доставување на годишните решенија за данок на имот на физички и правни лица и комунална такса за правните субјекти и трговците поединци за тековната 2013 година.
Според Душко Василев, раководител во ова одделение, годинава нема позначајни промени во регистерот на даночни обврзници на територијата на општина Струмица.
- Вкупно се изготвени 18.256 решенија, од кои 14.694 се во делот на данок на имот. Најголем дел или 14.433 се за физичките лиза, а 261 за правни субјекти. Во делот на комунални такси ќе бидат доставени вкупно 3.562 решенија од кои на 3.044 се правни субјекти, а 518 се за трговци поединци кои имаат објекти во општина Струмица,изјави Василев.
Во општина Струмица процентот на наплата на данокот на имот и комуналните такси се движи над 95 проценти.
Слично
