Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРУЈОМЕРИТЕ ДА СЕ ЧИТААТ НАЈМАЛКУ ЧЕТИРИ ПАТИ ГОДИШНО, МОЖНО ЛИ Е СТРУЈАТА ВО ГОДИНАТА ДА СЕ ПЛАЌА НА 12 ЕДНАКВИ РАТИ - што донесе средбата Бислимовски-Зибери

СТРУЈОМЕРИТЕ ДА СЕ ЧИТААТ НАЈМАЛКУ ЧЕТИРИ ПАТИ ГОДИШНО, МОЖНО ЛИ Е СТРУЈАТА ВО ГОДИНАТА ДА СЕ ПЛАЌА НА 12 ЕДНАКВИ РАТИ - што донесе средбата Бислимовски-Зибери

Најмалку четири пати годишно да се читаат струјомерите од страна на Електродистрибуција, бидејќи граѓаните се жалаат за нереални сметки.

Со вакво барање денеска излезе народниот правобранител Насер Зибери, по средбата со Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика. 

Електродистрибуција ќе мора најмалку четири пати годишно да ги чита струјомерите, изјави Бислимоски по средбата.

Според сегашната регулатива, обврската за читање на струјомерите е еднаш годишно.

„Препорака е тоа да се прави и почесто, особено во зимските месеци. За размислување е ставена и можноста за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати. Односно, да се види колкава е годишната потрошувачка на струја за едно домаќинство за да не се случи, на пример, зиме да плаќаат струја по 8.000 денари, а лете по 1.500 денари. Ако сакаат, да може да плаќаат еднакви износи во текот на 12 месеци. За ова ќе разговараме со енергетските компании“, рече Бислимоски.

Инаку, кај Народниот правобранител се испратени многу граѓански поплаки за нередовно читање на струјомерите и за високи сметки што им биле испорачувани по читањето. Тоа било мотив за средбата меѓу Бислимовски и Зибери.

„Со распределбата секој може да си прави што сака, само кажуваме и испраќаме сигнал до домаќинствата дека доколку ја трошат нерационално енергијата ќе плаќаат повеќе. Ние сме енергетски сиромашна земја. Електрична енергија мора да има и апелираме граѓаните да си ја намалат својата потрошувачка. Треба да има струја за сите, и не сметам дека тоа е противуставно. Сето ова е опција за граѓаните, да си направат рамномерна распределба на својот буџет, ние не можеме да ги натераме, ова е со цел да не плаќаат високи сметки“, додаде Бислимоски.

Слично

Поврзани вести