Струјата за домаќинствата во Македонија значително поевтинила во 2018
Струјата за тарифните и малите потрошувачи во Македонија поевтинила во 2018-та за вкупно 4,18 отсто споредено со една година претходно, официјално е потврдено во извештајот на Регулаторната комисија за енергетика. Просечната цена за сите категории на потрошувачи во однос на 2016 пак е помала за 5,64 отсто.
Кај домаќинствата просечната ценат по која наплатувала ЕВН Македонија била 4,08 денари по киловат на час, што е за 3,55 отсто помалку во однос на 2017-та и 4,45 проценти помалку споредбено со 2016. Часовите со евтина струја беа вратени преку цела 2018-та година, додека во 2017 тоа беше само во текот на октомври, ноември и декември. Цената на струјата во 2017-та била 4,23 денари во просек, а една година претходно била 4,27.
Цената е поевтинета кај сите категории на потрошувачи освен кај оние од прв степен, каде што цената за една година е зголемена за 5,07 отсто.
