Економија, финансии, бизнис

Контакт

Струјата во Србија поскапува!

Струјата во Србија поскапува!

Во Србија струјата од утре ќе поскапи во просек за 10,9 проценти за домаќинствата и 12,8 проценти за стопанството.

Цената на струјата за граѓаните после поскапувањето ќе изнесува 6,14 динари за киловат час без ДДВ, а за стопанството ќе биде 5,85 динари за киловат час.

Последната промена на цената на електричната енергија во Србија, која е меѓу најниските во Европа беше пред две години, односно на 1 април 2011 година, кога струјата поскапе за  15 отсто.

Во Агенцијата за енергетика која го одобрува поскапувањето нагласуваат дека целта е средствата кои се добиени со зголемување на цената и рационализација на трошоците да се насочат на зголемување на сигурноста и квалитетот на снабдување со електрична енергија.

Слично

Поврзани вести