Економија, финансии, бизнис

Контакт

Струјата е 100 % поскапа поради бизнисот на фамилијата?

Струјата е 100 % поскапа поради бизнисот на фамилијата?
Тешки обвинувања од опозицијата на вечерашната собраниска дебата по Интерпелацијата  за работата на Владата. Опозиционерите обвинуваат дека поскапувањата, нискиот животен стандард, задолженоста се клучните економски промашувања на оваа Влада. Малиша Станковиќ од Социјалистичката партија возврати: -Вечерва ќе паднат маските, по најавената жешка есен, сега ќе имаме само артичка зима.  Ова е измислена инцијатива за  доверба на Владата. Вас ве интересира да остварите само позитивен резултат овде во Собранието и слушнавме само дека играте на меѓуетничката карта. Може ли да го слушнеме процентот за продажба на ЕСМ? Кажете ни за отпуштените луѓе од ЕСМ што штрајкуваа во вашето време , вие немате ништо со социјалдемократијата . Возврати Радмила Шеќеринска : - Нема да дозволам да тонам зaедно со вас. Сакате процент – еве ви :  за 100 % е поскапена струјата од Регулаторна Комисија  исклучиво заради барањето на ЕЛЕМ што е  во партиска сопственост, цената расте  само поради  фамилијарниот увоз на струја, значи 100 % зголемување на струјата се должи на лошото рабтење на вашата партија . Голем дел од собраниската дебата беше посветен на економијата и резултатите од работењето на Владата.
Слично

Поврзани вести