СТРУЈА: Се намалува и потрошувачката и производството!
Вкупната потрошувачката на струја годинава била намалена за 11,4% споредно со минатата година, покажуваат податоците од енергетскиот биланс. Сепак од Македонската енергетска асоцијација дополнително ќе прават анализи за да се утврди на што се должи намалената потрошувачка на електрична енергија во земјава.
„Потребно е да се направи соодветна анализа на што се должи тоа намалување. Бидејќи, иако имаме намалена потрошувачка на електрична енергија, од друга страна гледаме дека се зголемува производството во економијата. Намалената потрошувачка на струја може да е резултат на делот на домаќинствата - каде струјата се заменува со огревно дрво и слично. Но, друга опција е да има промена во типот на индустријата. Односно, ако досега главен потрошувач на електрична енергија беше индустријата која беше енергетски зависна, односно металуршките комбинати, можеби тие ја намалиле својата активност, а од друга страна има замена со типови на индустрија кои се помали потрошувачи на електрична енергија. За ова ќе се бараат одговори и посебна анализа, вели Кочо Анѓушев претседател на МЕА.
Намалување на домашното производство
Во однос на домашното производство на електрична енергија според податоците на МЕА има намалување.
„Би било добро да се види домашната и странска компоненета на производство на електрична енергија. Она што е ефектно и што е видливо од бројките во енергетскиот биланс е дека домашната компнонента на производство на електрична енергија се намалува со текот на изминатите години и сметаме дека тоа треба да се постави како прашање и да се види како домашното производство да остане на нивото на кое беше минатите години или да се зголеми, изјави Анѓушев. Тој при тоа потенцираше дека сепак годинава споредено со минатата година има раст на домашното произвдство на електрична енергија, но сепак претходините години е забележано намалување на производсттвото.
Според податоците на МЕА, годинава вкупната потрошувачка на енергија е на исто ниво како и во претходната година, но забележани се структурни промени. Односно, ако се гледа структурата на различни типови на енергија може да се забележи различна потрошувачка на исти енергенси годинава и минатата година. Па така, податоците покажуваат дека има зголемена потрошувачката на лигнитот и јагленот за 9,4%, на природениот гас за 6,4%, кај геотермалната енергија има раст на потрошувачката за 6,2 %, кај огревното дрво за 1,4%, а има намалување на потрошувачката на електрична енергија за 11,4%, потоа на кокс за 7,6% и намалена потрошувачка на сурова нафта и нафтени деривати од 0,8%.
Македонија ќе мора да увезува јаглен
Македонија во следните години ќе мора да увезува јаглен за да може да го продолжи векот на термоцентралите кои пак се клучни за производство на струја во земјава.
Според, енергетичарите од Македонската енергетска асоцијација, не може да се каже точно уште за колку години има залихи на јаглен, бидејќи како што објаснуваат тие залихи може да бидат и големи, но прашње е колку се исплатливи за експлоатација? Односно, јагленот може да е на голема длабочина, со што би се потрошиле многу пари за да се извади што би значело неисплатливост на инвестицијата. Потенцираат дека една катергорија е залихата на јаглен, а друга категорија е дали таа количина може да се експлоатира, а тоа да биде исплатливо.
„Капацитетот на рудниците во земјава е во поодмината фаза на искористување што значи дека преостанатите количини стануваат се помали и поскапи за експлоатација. Во таа смисла постојат размислувања од ЕЛЕМ, Владата и Министерството за економија да се направи супституирање на домашниот со јаглен со увозен јаглен односно мешање на домашниот со увозен јаглен или комплетна супституција што би го продолжило животниот век на термоелектраните. Ние сметаме дека тој процес е приоритетен бидејќи на долг рок може да правиме одредени стратегии, но мора да обезбедиме и енергенси односно електрична енергија и на краток рок, и затоа го цениме ова како исклучително важно прашање кое бара една поголема застапеност во енергетскиот биланс, посочи Анѓушев.
Македонија мора да се размислува во наредниот период за увоз на јаглен, за да обезбеди континуирано работење на термоелектраните кои во моментот постојат потенцираат од МЕА.
Слично
