Економија, финансии, бизнис

Контакт

Струја како божиќен подарок од градоначалникот

Струја како божиќен подарок од градоначалникот
Властите на грчкиот град Триполи на Пелопонез и на островот Закинтос најавиja дека во текот на Божиќните празници ќе им пуштат електрична енергија и на домаќинствата кои не ги плаќаат сметките. „Наша должност е е ова и ние го правиме во знак на солидарност. Не можеме да останеме рамнодушни", рече градоначалникот на Закинтос, Стелиос Бозикис, пренесе АФП. Одлуката е донесена откако минатиот викенд 13-годишно девојче со српско потекло починало во Солун од ефектите на вдишување јаглерод моноксид од печката на дрво. Градоначалникот изјавил дека 60-тина  домаќинства на островот ќе добијат електрична енергија, а и градот  Триполи објави слична одлука.  
Слично

Поврзани вести