СТРУГА: Си направиле плажа на државно земјиште!
Кривични пријави за бесправно градење и узурпација на недвижност поднесе полицијата во Струга против жители на Струга и радолишта, затоа што без дозвола започнале да си градат куќа и гаража кај Градскиот пазар, а од државно земјиште направиле плажа.
Така, двајца роднини од Радолишта, лани и годинава во Струга на брегот на Охридското Езеро, во непосредна близина на ракометното игралиште, каде поседувале земјиште, дел од државната парцела на која растела трска го насипале со земја и го оспособиле за плажа.
Еден жител на Струга, во мај и јуни годинава, во непосредна близина на Градскиот пазар во Струга без одобрение започнал градба на катна гаража, а друг, пак, лани во Струга почнал да гради куќа без претходно да добие одобрение за градење од надлежните служби.
Слично
