Стројтранс-гас за Фактор: Над 10 македонски компании ќе учествуваат во градба на гасоводот!
Македонската шпедитерска компанија ДЕНИ Интернационал, како логистика е вклучена во проектот за изградбата на гасоводната делница Клечовце. Ова за Фактор го потврдува Олег Фомин, директор во „Стројтрансгас“, руската компанија што ќе ја гради делницата во кумановско Клечовце, а која е дел од националниот гасовод.
Освен, оваа домашна компанија, Фомин посочува дека се разгледува и соработката со други компании од земјава, посочувајќи ги при тоа „Чакар и партнери“, „Рапид Билд“, „Жикол“, „РЖ“, „Апаве“, „Ехи“, „ФЗЦ“, потоа наведени се и фирмите „ДМБ“, „ФЗЦ“, „ЈУГ“, „Факом“, „Елте“, „Монтинг Битола“.
Но, освен домашните компании со кои се најавува соработка, руската фирма „Стројтрансгас“има и подизведувач на работите. Тоа е уште една руска компанија „Севергасстројмонтаж“, ("Severgazstroymontazh" - SGSM).
А токму руска фирма со ист назив, како што е називот на подизведувачот, "Севергасстројмонтаж“, („Severgazstroymontazh-SGSM), се јавува како сопственик на чешката фирма „СГСМ – оил и гас сервис“. Сопственоста ја стекнува во 1994 година, што може да се потврди на следниот линк.
Оваа чешка фирма, „СГСМ оил и гас сервис“, на почетокот на годинава отвора подружница во Скопје. Подружницата во Скопје е отворена на 8. јануари 2015 година. Нејзина основна дејност е трговија на големо со метална стока, цевки, уреди и опрема за водовод и централно греење. А неограничени овластувања, во оваа фирма има Јоаннис Ваизидис.
Интересно е што оваа подружница на чешката фирма „СГСМ оил и гас сервис“ во Скопје е лоцирана речиси на иста адреса со една од македонските компании што се посочени како можни за учество во изградбата на националиот гасовод.
Односно, подружницата на чешката фирма „СГСМ оил и гас сервис “е сместена на Народен Фронт бр.5-4/7, додека пак фирма со име „Чакар и партнери“, како што е посочена дека ќе е можно да учествува во проектот, е лоцирана на Народен фронт 5-4/9, што може да се види на следниот линк.
http://www.chakarpartners.com.mk/
Македонските власти во земјава не открија детали од договорот за изградба на делницата во Клечовце.
Р.Ф.

Слично