Економија, финансии, бизнис

Контакт

Строга контрола при увозот на половни автомобили

Строга контрола при увозот на половни автомобили
На детален преглед ќе треба да поминуваат сите увезени половни автомобили во Србија. -Досега тие возила кај нас се увезуваа без преглед и главно во Агенцијата за безбедност на сообраќајот доаѓаа само документите, и тоа за најстарите возила, на пример тие произведени од 2001 година. Планирано е воведување преглед за сите возила, бидејќи има голем број со невистинити податоци, на пример за силата и волуменот на моторот, вели директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот, Стојадин Јовановиќ. Во февруари  Србија почна да рименува Правилник според кој прецизно се истражува исправноста на возилата, но одложена е примената на делот којшто се однесува на проверка на половните автомобили од увоз. Според Јовановиќ примената на Правилникот во тој дел зависи од владата и од Министерството за сообраќај. -Беше предвидено тоа да почне од 15 април. Ние  им дадовме овластување на доволен број компании, односно институции за испитување на возилата од увоз“, истакна Јовановиќ. До крајот на годината ќе биде прецизно утврдено за кои возила е неопходно, претходно да се добие согласност на документацијата, па дури тогаш да се врши преправка.  
Слично

Поврзани вести