Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРМЕН ПАД: Шефот на „Лукоил“ смета дека цената на нафтата би можела да падне на 25 долари

СТРМЕН ПАД: Шефот на „Лукоил“ смета дека цената на нафтата би можела да падне на 25 долари
Генералниот директор на рускиот „Лукоил“, Вагит Алекперов,  оцени денес дека цената за барел нафта, која од јуни до денес веќе е преполовена, би можела да падне на 25 долари. Оваа недела цената на нафтата падна на најниско ниво во последните шест години и се движи околу 45 долари за барел. Ваквиот пад доведе до укинување на голем број работни места во нафтениот сектор и отстапување од некои нерентабилни проекти. „Барелот нафта би можел да падне и по цена од 25 долари“, истакнал Вагит Алекперов, пренесуваат руските медиуми. Генералниот директор на „Лукоил“, втората по големина руска компанија во нафтениот сектор, оценил дека пазарот за нафта ќе остане несигурен цела 2015 година. Падот на цената на нафтата, која претставува најголем дел од буџетските приходи во Русија, како и западните санкции врзани за украинската криза влејаеја врз падот на вредноста на рубљата. Доколку цената на нафтата се задржи на сегашното ниско ниво руските претставници предупредуваат дека земјата би можело да забележи голем буџетски дефицит, и дека БДП би можел да забележи пад од пет отсто годинава.  
Слично

Поврзани вести