СТРАЗБУР ПРЕСУДИ: Државата на пет македонски судии треба да им плати оштета од 4 000 евра
На пет македонски судии Македонија ќе треба да им плати отштета од 4 000 евра, пресуди денеска Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Станува збор за судиите Снежана Геровска Попчевска, Гоце Јаксовски, Мирослав Трифуновски, Иво Поповски и Виолета Дума.
Сите тие, пред судот во Стразбур се пожалиле дека за нивното разрешување од Судскиот Совет немало фер сослушување, им биле прекршени основните човекови права и имало влијание на извршната врз судската власт.
Во образложението од Судот се вели дека во случајот со разрешувањето на судиите имало мешање на надлежности на тогашниот министер за правда Михајло Маневски кој е и подносител на барањето за разрешување.
Слично
