СТРАЗБУР ОДЛУЧИ: Шефот смее да им ги чита приватните пораки на вработените
Се кршат копја околу одлуката на Европскиот суд за човекови права, кој пресуди дека компаниите смеат да ја следат онлајн комуникацијата на вработените.
Судот во Стразбур длучи дека работодавачот не само што има право да знае кому му пишувате, туку и што пишувате. Со тоа, компанијата има право да ги чита приватните пораки преку било кој софтвер за разговор и електронска пошта.
Во судски спор Европсиот суд пресуди во корист на компанијата, која отпуштила романски инжињер, а тој пак се пожалил на нарушување на приватноста. Судот одлучил дека компанијата имала право да ја следи комуникацијата на Богдан Барбалеску, кој разговарал со неговиот брат и свршеницата.
Бидејќи тоа било во работно време, компанијата го отпуштила.
Судиите во највисокиот европски суд оценија дека шефовите на инженерот имале право да ги следат неговите онлајн активности, затоа што правилата на компанијата стриктно забранувале испраќање пораки за лични потреби, а од Барбулеску било побарано да отвори Јаху профил стриктно за деловни потреби.
Судот ги отфрлил аргументите на романскиот државјнанин, кој тврдел дека со надгледувањето на приватните пораки било прекршено неговото право на приватност.
Во текот на судењето се користени логови од чет програмите на отпуштениот работник, кој според зборовите на судот „докажале дека користел компјутер од својата компанија за лични потреби во текот на работното време
