Стравревски:Македонија нема да оствари полош резултат од она што се случува во Европа
Како и да се одвиваат состојбите во однос на европската криза, не може да се очекува драстично, нагло подобрување или враќање на стапките на раст како оние пред кризата. Најверојатно сценарио е постепеното враќање на растот, но со ризици од двете страни во следните две години, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната дебата на БанкЕкспо.
Во однос на кризата, македонската како и сите влади во Европа е пред предизвикот да работи со повеќекратни сценарија.
- Нема едно сценарио зашто постојат повеќе варијанти како ќе се разрешува европската криза и со која динамика. Во сите сценарија е заедничко дека Македонија нема да оствари полош резултат од она што се случува во Европа, ќе оствари подобар резултат. Во делот на буџетот и јавните финансии, состојбите ќе бидат исто така подобри во однос на другите земји, напомена министерот.
Слично
