Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стравот од ширењето на Ковид -19 ја урна цената на нафтата под 43 долари

Стравот од ширењето на Ковид -19 ја урна цената на нафтата под 43 долари

Нафтата денеска се тргува за цена под 43 долари. 

Цената „падна“ поради загриженоста дека нагло зголемување на бројот на новозаразени, особено во Соединетите Американски Држави (САД), ќе го забави закрепнувањето на побарувачката на енергенсите.

На лондонскиот пазар цената на барелот се намали за 44 центи во однос на претходното затварање, на 42,66 долари. 

На американскиот пазар, беше во минус 53 центи, паѓајќи на 40,1 долари.

Американските држави, 16 од нив пријавиле рекорден раст на бројот на нови случаи на зараза со COVID-19 во првите пет дена од јули, пренесува Reuters.

Американскиот пазар е под дополнителен притисок, поради неизвесноста поради судската наредба која во понеделникот наложи затворање на гасоводот Dakota Access, најголемата артерија која превезува сурова нафта од базенот на шкрилци од Северна Дакота до Средниот Запад и Мексиканскиот Залив.

На 3 јули нафтата поевтини поради страв од вториот бран на коронавирусот. 

Оваа година имаше големи промени кај цената на нафтата, а во еден момент таа влезе  и во минус. 

Слично

Поврзани вести