Страв за можни жртви: Се трага по исчезнати на грчка Евија
Три лица се водат за исчезнати на грчкиот остров Евија и по нив интезивно се трага откако местото беше погодено од силното невреме предизвикано од циклонот „Зорбас“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, според информациите во грчките медиуми, исчезнатите, во два одвоени случаи во околината на селото Мантуди, се превезувале со автомобили. Во првиот случај станува збор за повозрасна брачен двојка чии траги се губат уште од полноќ, а бил пронајден нивниот автомобил. Во вториот, се трага по 27-годишен маж кој имал проблеми со автомобилот, неговата сопатничка успеала да се спаси и да ги извести надлежните.
Информацијата ја потврди генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Јанис
Тафилис, како и префектот на периферијата Централна Грција, Костас Бакојанис.
Фактор веќе објави видео од страшното невреме.
