Економија, финансии, бизнис

Контакт

Страв во Анкара, ги забранија јавните собири

Страв во Анкара, ги забранија јавните собири

Градската управа на Анкара, каде што оваа година беа извршени неколку крвави напади, објави дека забранува секакви собири на јавни места поради опасност од напади, пренесе Франс прес.

Во соопштението објавено на сајтот се вели дека се забрануваат секакви собири или настани на јавни места како патишта, плоштади, улици и паркови до 30 ноември 2016 година

Повикувајќи се на информации од разузнавањето дека „незаконски терористички организации се подготвуваат да извршат напади", управата на Анкара посочува во соопштението дека забраната е воведена по мерката за вонредната состојба, воведена на 20 јули. По обидот за државен удар за период од три месеци, вонредната состојба е продолжена на 11 октомври за уште 90 дена.


Слично

Поврзани вести