Економија, финансии, бизнис

Контакт

Страв од Грегзит – 40 милијарди евра повлечени од банките

Страв од Грегзит – 40 милијарди евра повлечени од банките

Грчките банки нудат поголеми каматни стапки за да ги вратат назад милијардите евра кои лани штедачите ги повлекоа.

Од неомври 2014 година Грците повлекле од банките над 40 милијарди евра плашејќи се дека земјата ќе ја напушти еврозоната. Во јуни лани е воведена контрола на капитал.

Повлечените пари граѓаните ги чуваат под перница или во сефови, а мал дел се испратени во странство.

Минатиот месец се воведени олеснувања така што штедачите можат да го повлечат целиот износ на депозитот.

Се нуди камата од 1.3% на орочени депозити на шест месеци, што  е повеќе од 0.8% колку што се актуелните камати за пари орочени на ист временски рок.

Според податоците на грчката централна банка, во јуни биле во оптег 47 милијарди евра, што е за 17 милијарди повеќе во однос на крајот на 2014 година.

Слично

Поврзани вести