Економија, финансии, бизнис

Контакт

Страв од атентат врз Вучиќ за време на посетата во Загреб

Страв од атентат врз Вучиќ за време на посетата во Загреб

Бројни полициски сили се распоредени по улиците на хрватската престолнина поради присуството на Вучиќ во Вргинмост утре и задутре. Се планира ангажирање и на антитерористички единици. Од таму велат дека безбедноста мора да биде на највисоко ниво. 

Вознемирени се и во Белград.

Кога Вучиќ бил во посета на БиХ тој бил нападнат од страна на група демонстранти, па затоа и Хрватска сега е уплашена токму поради тие случки, вели министерот за внатрешни работи на Небојша Стефановиќ.

Посетата на Вучиќ се случува како би се нормализирале односите меѓу двете земји. Тој е поканет од страна на  претседателката Колинда Грабар Китаровиќ.

На социјалните мрежи пак во Хрватска повикуваат граѓаните да го дочекаат Вучиќ со спуштени ролетни како знак дека не е добредојден. 


Слично

Поврзани вести