Стратегија 2016 КД Фондови: Како ќе се движат светските пазари?
Како по традиција, КД Фондови во текот на месец март објавуваат преглед на инвестициската стратегија, во кој детално се осврнуваат на своите согледувања за глобалните теми поврзани со економијата, пазарите на акции и обврзници, очекувањата за периодот кој претстои, како и препораките за одделните инвестициски класи.
За 2016 година тимот на КД Фондови очекува зголемување на светскиот економски раст, при што акцентираат на Европа и Јапонија, како и на одредени држави во развој (Русија, Бразил). Втора позначајна тема која се споменува е големата дивергенција во финансиските политики на одделните држави. Меѓу останатото, според нивните анализи, значајно влијание врз светските берзи ќе имаат и случувањата во Кина, геополитиката, развојот на пазарот на енергенси, светската трговија и политичките случувања.
На обврзничките пазари како главен фактор ги издвојуваат монетарните политики на централните банки. Очекуваат продолжување на постапното зголемување на каматните стапки во САД и продолжување на лабавите политики во Европа и Јапонија. Препораката за државните европски обврзници ја креваат на неутрална и за оваа година се умерени оптимисти.
Сите оние, кои се интересираат од пазарот на капитал, деталните анализи можат да ги пронајдат во специјално подготвеното издание на 80 страници, КД Фондови–СТРАТЕГИЈА 2016.
Слично
