Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШНИ СЦЕНИ ВО ТУРЦИЈА, ПОЖАРИТЕ БЕСНЕАТ БЕЗМИЛОСНО: Очајнички обиди за спасување со чамци, бројот на загинати се зголемува

СТРАШНИ СЦЕНИ ВО ТУРЦИЈА, ПОЖАРИТЕ БЕСНЕАТ БЕЗМИЛОСНО: Очајнички обиди за спасување со чамци, бројот на загинати се зголемува

Осум лица досега загинаа во големите пожари што ја зафатија Турција, а најмалку 27 лица се хоспитализирани поради изгореници. Пожарникарите се борат со уште седум нови пожари, додека, повеќе од 120 успеаја да ги стават под контрола.

Според светските медиуми, пожарникарите петти ден се обидуваат да ја запрат огнената стихија која продолжува да се заканува на летувалишта.

За време на викендот, туристите, персоналот на хотелите и локалното население мораа да бидат евакуирани по морски пат од популарните дестинации Бодрум и Мармарис, при што помогнаа сопственици на приватни бродови.

-И претходно имало мали пожари, но никогаш не сум видел уништување, пишуваат луѓето на социјалните мрежи

Истражителите се обидуваат да утврдат дали некој од пожарите бил подметнат, додека туристите се евакуираат со чамци.

Се уште се шпекулира за причината за пожарот. 

ФОТО: Daily Sabah

Слично

Поврзани вести