Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ХРВАТСКА: И по два метра вода во зградите и куќите, цели региони се под вода

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ХРВАТСКА: И по два метра вода во зградите и куќите, цели региони се под вода

Во текот на ноќта во делови од Хрватска која ја зафати силно невреме наврнало од 50 до 100 литри на метар квадратен, а најкритично било во Бел Манастир и Нова Градишка каде биле измерени дури 159 литри на метар квадратен.

Циклонот во Хрватска, како што информираат метеоролозите стигнал од Босна и Херцеговина, каде има огромна материјална штета, а кризниот штаб издал предупредување до граѓаните да реагираат брзо и да си ги заштитат имотите.

Поројниот дожд во Бродско-посавската жупанија, конкретно во Нова Градишка поплавил повеќе од 80 домаќинства кои побарале помош од пожарникарските служби. Домови биле поплавени и во Славонски Брод, а најритично било во Бел Манастир, каде што од две заглавени возила во подвозник биле спасени двајца парници.

-Екипите се на терен во повеќе градови, сите противпожарни единици се ангажирани. Заканата е доста голема, има многу поплавени згради, во некои згради и подруми има над два метра вода. Правиме се што можеме “, изјави за радио Нова Градишка командантот на Јавната противпожарна бригада Нова Градишка, Иво Пејаковиќ. 


Слично

Поврзани вести