Економија, финансии, бизнис

Контакт

Страшни последици од мигрантската криза: Еве колку ЕУ би ја чинело укинувањето на Шенгенот!

Страшни последици од мигрантската криза: Еве колку ЕУ би ја чинело укинувањето на Шенгенот!

Трајно враќање на контролата на границите во Европа, земјите кои беа дел од шенгенската зона на отворени граници би ја чинело околу 110 милијарди евра во текот на наредните десет години, соопшти Франс стратежи, официјален институт на француската влада.

Шенгенскиот договор е централна точка на европските интеграции, меѓутоа, под притисок на избирачите загрижени поради незапаметениот прилив на мигранти од Африка и Блискиот исток, неколку влади веќе воведоа привремена контрола на границите со други земји на ЕУ.

Студијата на институтот Франс стратежи наведува дека трајно укинување на зоната на слободно движење би резултирало со намалување на обемот на прекуграничен туризам и трговија и Европа би ја чинело 0,8 одсто од вкупните економски производства во наредните 10 години.

Франција тоа би ја чинело помеѓу милијарда и две милијарди евра краткорочно а 10 милијарди евра во наредните 10 години , што е еднакво на 0,5 одсто од бруто домашниот производ, наведуваат авторите на студијата.

„Долгорочната цена на чести гранични контроли би била еквивалентна на данок од 3 одсто на трговијата помеѓу земјите од Шенген зоната, што би довело до намалување на трговскиот обем за помеѓу 10 и 20 одсто“, се наведува во студијата.

Шест од 26 членки на Шенгенската зона, вкучувајќи ја и Германија, повторно воведоа привремена контрола на границите поради доаѓањето на стотици илјади мигранти во богатите земји на ЕУ.

Слично

Поврзани вести