Страшна несреќа во Нови Сад: Младо момче го загуби животот, а 15 годишно девојче е во критична состојба
Синоќа околу
02:20 се случила страшна сообраќајка во Нови Сад. Во несреќата непознат млад човек
починал на лице место, додека 15-годишно девојче е тешко повредено.
Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Новосадската Итна помош, нивната екипа интервенирала на лице место и по првичната укажана помош, девојчето во тешка состојба со политрауматски повреди било пренесено во хируршкото одделение во детската болница.
Смртта на младиот човек била констатирана на лице место.
БМВ-то во кое се наоѓале излетало од патот, удрило во дрво и се скршило на половина, се претпоставува дека младиот човек испаднал од возилото.
Фотографиите од преполовеното БМВ погледнете ги ОВДЕ.
Фото: unsplash
Слично
