Економија, финансии, бизнис

Контакт

Страшна несреќа со балон во Кападокија, има жртви

Страшна несреќа со балон во Кападокија, има жртви

Две лица загинаа, а три се повредени денеска во несреќа со балон на топол воздух во регионот на Кападокија (округот Невшехир, Централна Турција), објавија турските ТВ станици Си-Ен-Ен-Турк и ТРТ-Хабер, цитирани од БТА.

Несреќата се случила поради ненадеен силен ветер во областа, поради што балонот многу нагло слетал.

Балонот полетал во 7 часот и 25 минути од областа Аванос.

Во балонот имало 28 туристи и две лица од тимот во балонот. Загинатите туристи се шпански државјани. Повредените лица, кои исто така се Шпанци, се пренесени во државната болница во градот Невшехир, се вели во соопштението на надлежните од Невшехир, цитиран од Си-Ен-Ен-Турк.

Инцидентите со балони на топол воздух не се невообичаени во Турција. Во последните десетина години имаше неколку слични инциденти со смртни случаи и десетици повредени.


Фото: unsplash

Слично

Поврзани вести