Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ЈА ПОТРЕСЕ БУГАРИЈА: изгоре магацин со огномет во Елин Пелин, има повредени (ВИДЕО)

СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ЈА ПОТРЕСЕ БУГАРИЈА: изгоре магацин со огномет во Елин Пелин, има повредени (ВИДЕО)

Во градот Елин Пелин кај Софија се случила голема експлозија во магацин за огномет, а според првичните информации има и повредени.

Гори магацин за огномет во градот Елин Пелин. Експлозијата се случила околу 18 часот и 30 минути пред магацинот „Интер карса“.

Очевидци тврдат дека над градот се надвиснал густ чад, а претпоставуваат дека се работи за инцидент во магацинот, јавуваат локалните медиуми.


Според нив, тоа може да биде и вагон, бидејќи низ тој дел од градот минува железничка линија.

Како што јавува bTV, има повредени. Последните информации говореа дека повредени се две лица, но се стравува дека може да има уште. 



Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести