Страшна драма во скопски Хиподром: Мајка си го фрли детето од тeраса, а потоа и таа скокна
Вистинска драма утрово го потресе скопски Хиподром.
Мајка си го фрли шест годишниот син од тераса а потоа и таа скокна, јавува Алфа.
Како што пренесува Алфа ужасот се сучил утрово во 9 часот и 5 минути на улицата Пехчевска во скопски Хиподром во кулата карши градинката, 37 годишна жена со детето во раце се заканувала дека ќе скокне од тераса од висококатницата во која живеела.
Во еден момент според кажувањето на еден од соседите, жената го фрлила детето, а жиците за алишта на подолните катови и соседите кои биле сведоци на ужасот притрчале и го ублажиле падот на детето. Тоа со итна медицинска помош било префрлено во болница. Алфа се обидува да добие информација за 6 г одишното дете.
Полицијата и пожарникарите се обидувале да ја отргнат од намерата жената и таа да скокне, велат соседите, а жената цело време извикувала - “ Аце кога ме тепаше никој не ми веруваше, а сакаше да ми го земе и детето“.
извор Алфа
Слично
