Страшен судар помеѓу автобус и камион ја потресе Хрватска
Судир помеѓу автобус и камион се случил околу 10:45 часот во Хрватска, кај местото Горски Котар каде што неделава наврнало речиси три метри снег. Во несреќата има 28 повредени кои веднаш биле пренеси во болницата во Ријека.
Според полицијата, автобусот се движел во правец од Ријека кон Делнице и во еден момент преминал на спротивната страна при што директно удрил во камион МАН.
Според сведочењето на патниците, наеднаш се создала снежна завеса по што следувал силен удар.
Од болницата јавуваат дека двајца возачи се тешко повредени, но се надвор од животна опасност.
Слично
