Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странците повеќе уживаат во нашите туристички места

Странците повеќе уживаат во нашите туристички места
Во август годинава бројот на туристите изнесува 114.554 и бележи намалување од 3,2 проценти во однос на август лани. Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи има намалување за 6,8 отсто, а кај странските туристи има зголемување за 3,9 отсто. Во овој период бројот за  ноќевања е 591.874 и е намален за шест отсто во однос на август претходната година. За домашните туристи бројот е  намален за 7,9 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2,5 проценти. Во периодот јануари-август 2012 година, во однос на овој период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,5 отсто при што кај домашните туристи има намалување за 3,4 проценти, а кај странските има зголемување за 9,3 отсто. Додека од  јануари-август 2012 година, во однос на овој период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 3 отсто и тоа кај домашните има намалување за 6,9 отсто, а кај странските зголемување за 6,1 отсто
Слично

Поврзани вести