СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ ГИ КОРИСТАТ БЕНЕФИЦИИТЕ: расте извозот на автобуси од Македонија!
Белгиската компанија Ван Хол, која е една од 14 те компании кои работат во слободните економски зони, ќе реализира нова инвестиција од 15 милиони евра во производствениот капацитет во Македонија. Таа ќе се реализира во следните 4 години, а ќе бидат вработени околу 400 нови работници.
Неодамна, првиот човек на фабриката Филип Ван Хул потврди дека Македонија ја спасила неговата фирма од кризата:
„Веќе не правевме профит во Белгија. Моравме да го спасуваме VAN HOOL. Го направивме тоа преку нашиот бренд во Македонија“ за холандскиот магазин Тренд изјави Филип Ван Хул, извршен директор на фабриката за автобуси.
Тој во статијата открива и дека во Скопје инвестирале вкупно 30 милиони евра, но дека 17 милиони евра биле субвенција од Владата на Македонија.
Клучот на успехот шефот на компанијата го гледа во ниските трошоци во Македонија.
Сега на промоцијата на новите планови Ван Хул најави и нови договори.
„Планираме продолжување со инвестициските активности и сакаме да почнеме да произведуваме автобуси покрај за САД и ЕУ, и за Израел за што се во тек разговори за постигнување договор“, рече Ван Хол.
Вкупната инвестиција на Ван Хол од почетокот со работа во Македонија пред две години и првично најавените 13 милиони евра ќе достигнат вкупно над 40 милиони евра, од кои дел се субвенционирани од Владата.
Слично
