Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странските инвестиции во Tурција помали за 20% лани

Странските инвестиции во Tурција помали за 20% лани
Директните странски инвестиции во Турција лани достигнаа 12,4 милијарди долари, што претставува пад од 20%, споредено со претходната година. Како што пишува турскиот весник Хуриет, за да се зголеми влезот на странски инвеститори, земјата треба да ја поттикне трговијата со азиско-пацифичките земји. Министерот за економија на Турција, Зафер Чаглајан кој учествуваше на вториот состанок на азиско-пацифичките регионални економски советници истакна дека минатата година се случил пад на странските директни инвестиции во Турција. “Вкупната вредност на странските инвестиции во Турција лани изнесувала 12,4 милијарди долари, што претставува пад за 20% во споредба со претходната година“, рече министерот на состанокот во Анкара. Чаглајан забележа и дека на глобално ниво постои тренд на опаѓање на протокот на директен капитал. Министерот за економија информираше дека уделот на земјите од Азиско-пацифичкиот регион во директните странски инвестиции во Турција лани изнесувал 2,25 милијарди долари, но ниту една од земјите немала поголема инвестиција од една милијарда долари.  
Слично

Поврзани вести