Странските инвеститори профитот го враќаат во своите земји
Над 280 милиони евра во вид на исплатена девиденда кон матичните компании, странските инвеститори го вратиле во своите земји, покажуваат податоците на Народна банка до кои дојде Капитал.
Според податоците, оваа сума на исплатени девиденти е највисока во последните неколку години.
Минатата година Владата на Македонија ги укина антикризните мерки со кои инвеститорите немаа обврска да плаќаат данок, доколку одлучат профитот да го задржат.
Со измените во законот, компаниите имаат обврска да плаќаат данок од 10 отсто без оглед дали добивката ќе ја задржат или ќе ја распределат.
Ослободување од плаќање данок важи само за компаниите, кои ќе одлучат да реинвестираат во земјата.
Слично
